неа (зам.) - живот (имн.)

И таа во почетокот молчеше, но подоцна му кажа дека сакала некое момче во селото со кое кришум се состанувала, кое ѝ било најмило нешто на светот, но тоа подоцна ја оставило, ја напуштило и зело друга девојка; му кажа на отец Иларион дека тоа ѝ нанесло силна болка во душата, дека не може да преболи и дека ѝ иде да се убие, да ја снема од овој свет, бидејќи за неа животот е веќе ништо, мачнина, патење; со ноктите се драскаше по лицето и телото, сакаше да го нагрди, да го раскине, зашто веќе не ѝ е потребно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Камењата, море Трајко, под твојот чекан и глето ќе добијат сјај и облик - куќа што ќе се вика, а во неа живот, љубов... радоста ќе се вглезди, дечки ќе се растрчаат... ех!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За неа животот на семејството беше нејзината единствена голема отворена книга, а деновите, страници на семејството, на нејзините деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со неа животот имаше цел и убавина, животот замислен без неа значеше тажен живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)