неа (зам.) - кога (прил.)

Татко ми беше моќен во тишината, се учеше на неа кога читаше, а исчита книги за неколку животи. – Добар ден, добри луѓе! – изусти прва мајка ми. – Дал ти Бог добро, мајко! – одговори шефот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знам зошто мајка ти е толку задоволна од неа кога постојано забошотува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но не помина многу време, Цанулица пак се врати кај Цанул; шеташе низ селото како ништо да не било; пукаше каменот под неа кога газеше; ѝ гореа очите, ѝ светкаше лицето како расцутена тутенка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште помалку можевме да разбереме зошто Татко, пред секоја војна и преселба, за нас, децата несетум исчезнуваше, за да се појави непосредно пред самата опасност или по неа кога ќе оценеше дека не била преголема за сигурноста на нашето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)