неа (зам.) - неколку (прил.)

Овој му се израдува што му донесе и овој пазар борина да спечали од неа неколку гроша и веднаш го покани в дуќан: му нарача пак шербет и почна со мајтапите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговото олеснување кога ја виде беше толку големо што не можеше да се воздржи директно да не гледа во неа неколку секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Десно, до ѕидот, голема маса и на неа неколку телефонски апарати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неповикан, келнерот дојде и му ја наполни чашата со џин „ Победа“, истресувајќи во неа неколку капки од едно друго шише, низ чија затка минуваше едно цевче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа се спушти на коленици, ја отвори ширум торбата и извади од неа неколку француски клучови и еден шрафцигер кои го исполнуваа горниот дел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Аргир ја крена мистријата и удри со неа неколку пати во железото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отидов до одајата на пречесен отец Јулијан Граматик, постојав пред неа неколку минути и се вратив повторно во одајата на Писмородецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)