неа (зам.) - сигурно (прил.)

Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А најтајното место во ова царство е одајата со три печати, оти во неа сигурно никој нема да влезе, за да не го навлече проклетството врз себе“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби всушност само му проштеваше на животот иако токму од него беше многу често поттурнувана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најмногу ја гушкавме и ја жалевме нашата Сталинка поради непредвидливите односи на нашата земја со Сталин. Неа сигурно прва ќе ја однесат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За неа сигурно не...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)