неа (зам.) - да (сврз.)

Агна ја нашла малата фотографија во еден од старите албуми и решила, за да ме израдува, од неа да порача да се ископира голем формат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Си реков, па добро де, признавам, навикнав на нејзината точност, и сега ужасно ми пречи што јас морам неа да ја чекам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не заради друго, заради тоа што толку многу е измачена. Заради тоа што сакав да направам нешто, што и да е, само на неа да ѝ биде малку подобро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дождот Ластовица се стори Кон неа да лета.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Седнаа близу до водата, да можат почесто да потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
7. Минувајќи еднаш (којзнае зошто, веројатно за ништо) по старите улички, Грдан се сети како чекорот му подзапира крај една ограда што му се стори позната: висока телена мрежа, уште повисока жива ограда, наместа не само оштрбена туку и поткопана, како под неа да се провирале зајаци, зад неа голем двор, изгазен и гол, со ретки стари дрвја и сосема во дното долго трошно здание, со препознатливата нечисто жолта фасада на државна установа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге ја погледна зачудено, не Кате туку марамата, па ѝ ја грабна од рацете како само уште неа да ја барал; но, додека ја пикаше во торбата, настегајќи ја со колено пред да ѝ пукне патентот, почна да се смее - прво придушено, потоа сѐ погласно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На една меѓународна група обожувачи пред сѐ ѝ е драг како писател, како автор кому ниеден табу не му е свет и никаква опсценост премногу необична за да не може од неа да направи книжевност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еднаш го прашав зошто му се толку многу пари, а тој рече: да изградам голема куќа за во неа да живееме сите заедно: мајка ми, сестра ми и јас. И мојата жена, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седеше токму пред мене, а јас, од оној ден немав прилика со неа да проговорам ниту збор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каков анален простаклак од устен происход е да се каже: „Овие не се мустаќи, ова е сунѓер за газот бришење; ова не е алатот, ова е џезве за кафе да си варат жените; овие не се очи, овие се ламби за да не одат жените на мочање по темница; ова не е глава, ова е шутка, во неа да се мочат и серит домаќинот и домаќинката, сега е зимно време, мрсно се јадит, дрско се серит.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше причина да се дојде до заклучкот дека, за да биде полегната тревата и на неа да биде оставен отпечаток од формата на змијата, змијата мора да лежела таму долго време, нешто што се чинеше дека не е можно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од овој одговор на татко ми не разбрав ништо повеќе и ми беше јасно дека ќе морам утре да го дочекам повторното доаѓање на тетка Рајна и неа да ја распрашам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Куќата си бара стална домаќинка, по цел ден во неа да си работи, - го слушнав, една вечер разговорот меѓу тетка Рајна и татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На тоа место водата чадеше, се креваше тенка магла, како во неа да е потопено усвитено железо, како во неа да се гаснеше жарот сокриен во крвта на бикот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ноќите стануваа поинакви, во нив тишината се згуснуваше и мислев дека ќе ми проговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш месечно го правев оној питачки гест – ја испружував раката за во неа да добијам од брат ми пари за живеачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но за да се исполнат нивните егоистички планови за убава служба, тие се готови да се покажат повеќе Бугари од самите Бугари, да играат улога на бугарски шовинисти, со неа да ги експлоатираат и бугарскиот кнез и интересите на Македонија, и на бугарскиот народ и на европското општествено мислење, со еден збор, да лажат и на десно и на лево, под вид дека исполнуваат некаков патриотски долг, а всушност да добијат служба, власт и популарност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во какви односи станаа Македонците со нивното национално разбудување кон балканските народности и дали позицијата што ја зазема сега Внатрешната револуционерна организација по прашањето за народноста на Македонците Словени е таква од која не може да се оди понатаму, или пак треба од неа да се направи уште еден чекор и Македонците да се јават приврзаници на националниот сепаратизам со примањето на централното македонско наречје за општ македонски литературен јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има само една сина сенка, само толку сина сенка, колку по неа да може да се расплисне богатата месечина, што истечува како полн плисок заискрено бело вино од онаа огромна топка на небото, што стои на самата негова средина, како усвитен, пребликнат саан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие лески имаше доста простор и доста топла земја за во неа да може да се вовлече неговиот самјак и да си ја скрие и својата болка меѓу испреплетканите корења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Гласот од Профима се претвори во крик, излета надвор, ја грабна секирата и се обиде со неа да ја замолчи Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И за неа да загинеш, пак од неа ќе засмрдиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога зазреа ’ржта, пченицата, почнаа и неа да ја крадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може и во неа да го гледаше умот свој кој, секој ден, во непознати места му се преместува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но место тоа, тој запеал олцкаво и без зборови, со невиност во срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Пандил Димулев заплакал и рекол дека ќе ја покрие јамата со земја и со камења зашто човекот гори со денови: најпрвин кожата поцрнува, полека низ неа да испари крвта, потоа месото се јагленосува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Немаш пари, а од оваа мисла туѓата облека како да порасна, како во неа да набабре снага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја респектираше нејзината амбициозност, па тоа му наложуваше кон неа да биде дискретно внимателен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ИЛИЈА: Рашетувајќи се, ја видов мајка ти кај излегува и јас полека по неа да видам кај ќе оди.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Задачата на уметникот сигурно и денес не е неа да ја премолчува туку отворено и вистинито да ја кажува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еден ден кога го бараше во бараката од градилиштето, ја виде во неа бедната соба во која живееше Богдан: обичен дрвен кревет и искинат душек, старо ќебе за покривање, стара печка за топлење, леѓен и бокал за миење, расфрлани алати и стари алишта; му рече да премине кај неа да живее.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога еднаш се најде во зорт за пари, заклучи дека е најпаметно од неа да побара мал заем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеше да се договори со неа да се видат повторно, доколку кој било од нив го посакаше тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не секој за просење што подава рака не би можел и мотика со неа да фати...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
10. ГОЛЕМА ЛАЖИЦА САКАШ, ГОЛЕМА ЛОПАТА ЗЕМИ - земајќи ја лопатата си намислил некој со неа да срка, а не да ја бодина в земи - ете какви чудесии запостоеја на веков!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Зар неа да ја увредам? Па таа двапати идеше во Стрелеско кај мене дома да ми носи апчиња. Не сум јас без осет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Потоа ја зел чашата, ја благословил, им дал од неа да се напијат и им рекол: - Пијте од неа сите; зашто тоа е Мојата Крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Го викнав болничарот, па со се инфузијата ти помогнавме да седнеш на столицата до креветот, сестрата ти го мереше притисок и излезе низ вратата, јас тргнав по неа да ја прашам колку ти е притисокот, а таа немоќно ги рашири рацете и одмавна со главата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кај репрезентативноста, пак, на здруженијата на работодавачите ситуацијата е уште подраматична, бидејќи процентот од 33% (1/3) се сведе само на 10% (1/10) „од вкупниот број работодавачи“; додека, пак, на ниво на РМ репрезентативна стопанска комора е онаа која ги исполнува горенаведените услови, со таа разлика што е доволно во неа да се зачленети најмалку 5% (1/20) од вкупниот број работодавачи во приватниот сектор од областа на стопанството во РМ или, пак, работодавачите-членки на комората да вработуваат најмалку 5% од вкупниот број вработени во приватниот сектор во РМ (чл. 35, ЗИДЗРО/окт.09)!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мене господ не ме израдуа од срце, баре со неа да се радуам, — одговори Трајко на Достините забелешки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, едно мисли Митра, друго мисли Доста: „Браче Трајка го трна од Митра. Сега треба неа да а одалеча од него да не го соблазнуа, та еден ден да му се накриви самарот, да помини во нејзин табур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со ред сите пи врвеше во главата, а штом ќе дојдеше до Нешка Рожденкина, некако умот му се завртуваше и не можеше ни зло ни добро за неа да мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Требаше и неа да ја испечам, да не го правеше овој пакост”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Скинете од неговиов корен и посадете си го на дланката На неа да изникне мала Сама Бука И нешто како детето во вас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Го догризува земјана твојот корен на дланки да ја кренеш сите лобањи во неа да ти стежнат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Види вака, нема камења, Том; не е допуштено врз неа да се фрлаат камења.“ „Да, господине.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ама не, децата како да ѝ лазеа по мислата, туку се нафрлија и неа да ја гушкат и бакнуваат, а таа тогаш избликна во едно Оф оф оф миличкте на тетка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Денеска е Голема Богородица па рековме кај неа да појдеме!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зар може да има толку многу неправда и неа да ја провира низ твоето минато? Не, златна на тетка, никако!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие и да знаат дека имаш вина, не сакаат од неа да те ослободат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гладот ќе те натера и смртта да ја молиш, и од неа да питаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не може капка вода повеќе да застане, на неа да се задржи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо не ѝ реков. Незадоволен, си легнав без да барам од неа да ми раскажува приказна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ниту една држава на Балканот не беше доволно важна за САД и не гледаа потреба да формираат таму своја амбасада или со неа да разменат амбасадори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Случајно, ако му текне на народниот непријател да посака да влезе внатре, демек, на неа да се набоди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во неа да си го гледаш валканото лице, во неа да си ја гледаш муцката валкана, сурлата да си ја гледаш во неа, разбра или не разбра, а?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На мајка ми ѝ се нажалило, направила голем ризик, ја симнала тепсијата од глава и стомната со вода и клекнала до неа да ѝ го извади трнот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)