неа (зам.) - дека (сврз.)

Тогаш таа била соборувана од средната категорија, која ја мобилизирала на своја страна ниската, преправајќи се пред неа дека се бори за слобода и правда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бевме точни и меѓусебно си ги раскажавме филмовите, работите, ги утврдивме делумните идеолошки разлики, таа и понатаму ме прифаќаше како чудесно да ѝ е доволна таа сегашност без причини, без прашалници; речиси не ни забележуваше дека секој будала би помислил за неа дека е лесна или глупава, чудејќи се дури што не се обидувам на истата клупа во кафулето, што на потегот од улицата Фроадво не ѝ ја префрлувам раката преку рамото во тоа прво движење на интимност, што, иако знам дека е сама - помладата сестра најчесто не е во станот на четвртиот кат - не барам да се качувам горе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имаше меѓу овие зборови и тишина која беше всушност мајчиниот јазик, неискажани значења, кои продираа до душа, завршуваа во голема порака која може да ја подари само душата на една Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа останавме тука, врзани за земјата, со столетија раскопувајќи ја и учејќи од коските во неа дека камшикот се движи побрзо од звукот а животот побрзо од сите светлини...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Чувствував длабоко во неа дека тивко ме прекорува што пресилно и пребрзо сум ја предизвикал големата Историја, за која и Татко би имал поздржан однос.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)