него (зам.) - излезе (гл.)

Најстар од нив беше Крсте Младенов, речиси му беше врсник на братучедот Најда Махаилов, и затоа заедно со него посветен во работата на Организацијата и заедно со него излезен да комитува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подофицерот се задржа, постоја малку колебливо и си тргна надвор. По него излегоа војниците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таман дојде до Ulyses, кога се отвори металната врата од лифтот и од него излезе еден тип со револвер во рака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како и онојпат кога ми пукаа во Мерлинките и сега сè ми изгледаше потполно нестварно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Типот не натера да седнеме на кауч - тука бевме Тејлор, Пол, Џерард, Фред, Патрик, Били, Нико, Сузан и јас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од него излезе автоматско стенкање.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Знаев дека Јан Лудвик ме сака; но јас веќе половина година гледав во Земанек, и мене само Земанек ме интересираше; со него излегов одвај десетина пати, кога Земанек ќе успееше да се ослободи од Јан; Јан беше како приврзок на Земанек, и јас не можев да му закажам состанок на Земанек; мислам дека и Земанек избегнуваше да се види со мене, поради таа нивна цврста пријателска врска.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
П.В.: Кажи ми. (пак доаѓа чудовишното девојче со балонот, но балонот сега експлодира, од него излегува некој гас со чуден мирис - за смеење или убивање?!, девојчето - госпожицата Балоница?! - го врти кон публиката своето надуено креч-лице и ги гледа луѓето кои мирно и панично кидаат од тој простор) составил: (М)ЛАКИ ВОЛКАНО 74 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Германците не презедоа никаква акција, а како за чудо, на пораката на Владиката дојде одговорот од Берлин по радио-врската, во кој меѓу другото стоеше напишано: „Евреите на Закинтос ќе останат на островот со одговорност на митрополитот”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сега, со Ваше одобрение, би Ве оставиле да размислите за сè, господа”, рече владиката и ширејќи ја раката кон Карер го собра и градоначалникот и заедно со него излегоа од командата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога се доближи до Нумо, џипот застана и од него излезе оној што викаше дека некој му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
– Ајде сега Фахрие – изусти кадијата, и едната од тие што беа кај него излезе на средето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Беа толку занесени што не забележаа дека пристигна еден жолт автомобил и од него излегоа еден маж и една жена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)