него (зам.) - со (предл.)

Тоа како длабоко од него да навираше тишината, задржувана, спротивставувана во него со нејзините два пола на постоењето и непостоењето, на крајот оформена во рапав, јасен глас, во крик што јасно ја расцепуваше надворешната тишина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислев дека ќе летне по отвореното поле што се затвораше пред него со падините на Билга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оваа новина го заскокотка Толета и уште другата ноќ му појде на Стевана на колибата и, како нарачан, го најде и него со синчето Митрета заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вратата се отвори и кога тој сакаше да пречекори, оној младич што беше застанат на спротивната страна на тротоарот се појави пред него со устата набрана како да потсвирнува и со погледот полн иронија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бојан лежеше со отворени очи, долго лежеше така и се чувствуваше како повратник кој долго време бил во некој далечен, туѓ предел, па сега, враќајќи се во својот сакан, познат крај го доживува како ново откритие и влегува во него со извесна претпазливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нешто сепак се гледа зад сенките на дождовите: пеперутка долетува и застанува на прозорецот, трепка со крилцата, пишува врз него со жолти букви низ топол ветер мај 1978.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сѐ околу него се заврти, се измеша и почна да се губи, да се преселува некаде другаде, далеку, влечејќи го и него со себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сите се однесуваа кон него со почит, како кон вистински гроб на вистински добросовесник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој е како фатаморгана, низ него со поглед можеш да поминеш: тоа е безбројната, бесформната содржина на ништото кое постои, се движи, зовриена движечка сила што го тера телото да се движи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еден од полицајците, веројатно, полициски офицер ја крена книгата испишана за него со непознати букви.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Често пак од еден народ историските прилики бараат или корено изменување на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг правец, или го загрозуваат него со полно уништожување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Токму со него со саати објективно дискутираше за деструктивната моќ на екстремистите од двете страни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја виде, на педесетина чекори, застаната, како дотогаш воопшто да не трчала, како да стоела отсекогаш тука, свртена кон него со грбот, расколебана, послезена подолу од својата посока, за сето време обѕрната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше мака што мораа да го извалкаат и него со уште нешто, оние двајца таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа сега го исправи своето главче и зачудено се загледа во него со своите ведри очички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас стојам над него со засукани ракави и со тесто во рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чудел Онисифор Мечкојад, поточно не тој самиот туку како некој одамнешник да демнел од него со прашања зошто не го оставил другиот Онисифор сам да се расправа со закопот, како и пред тоа - со покојниковите претчувства и предвидувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од луѓето во бели бечви, не со лице на крстен туку сув крстител, висок, брадест и кадрав, трчал кон него со бласкав нож чиниш сака само да го заплаши, да го чалне малку колку да го ослободи од грижи и двоумења и, разминувајќи се со него, да го продолжи патот кон некоја своја голема цел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш двајца се урнале врз него со сила на лавина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се збунил кога зачекориле, кон него со стапови и со гранки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не знаел кога и како се исправил со својата наполнета кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без негова волја и движена со нагонот што се пренесува со човеково семе од колено до колено, неговата десна рака замавнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој дотогаш не забележал дека тие ги кријат рацете зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа значеше: да се стигне до него со иритирани нерви од речиси невозможно и бесконечно чекање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Што станало со мачката на директорот?“ ги праша не очекувајќи чудо - чудата лазеа околу него со жилавост на пиреј и троскот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше свесен дека се нагрби да се бори и конечно да се пресмета, според него со најопасните зборови, како што се јаничари, курбан, башибозук, курбан, башибозук зандана и кодош зандана, кои беа сѐ уште во жива употреба во балканските јазици и често менувајќи ја пошироката употреба, не ја менуваа суштината, опстануваа, дебнеа демнеа како неочекувана опасност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој почна да зборува за него со карактеристична сериозна учтивост, со која се разликуваше од мнозинството членови на Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно убавичко, цврсто момче од девет години рипна од зад масата и нанишани во него со автоматски пиштол-играчка, додека неговата помала сестра, околу две години помлада, го правеше истото со едно парче дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто, што е тоа што остана, а што тие не го извлекоа од него со мачење ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќето од луѓето не му обрнуваа никакво внимание на Винстон: неколкумина се обѕрнаа по него со претпазливо љубопитство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу ми го фалат бабо курвичето твое курвичето твое бабо ептен малолетно целиот град бабо слушам бил со него со твоето курвиче бабо малолетно Ај што е малолетно не е толку штетно курвичето било бабо куриозитетно паметно ти било бабо и премногу спретно директори и господа ги служело дискретно Ајде дали знаеш бабо кого чуваш в куќа техничарче право бабо била твојта внука од куќа во куќа бабо внука ти е блудна по неколку абортуса и еве пак е трудна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
– Не бери гајле, Мусо-ага, не бери, само вие добро спремете јатаганите и кога ќе наредам јас, удрете – го тешеше кадијата, одејќи по него со беговите. Со таков разговор се појави колоната на Чашка над самото Чаништа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Застана пред него со двете раце потпрени на шанкот и прво си ги прибра рацете, бурична во кесето опашано през половина, го извади нотесот и ставајќи го на шанкот го праша Марка: „Има ли тој таму некој телефон?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Целата расмеана и некако победоносно, оддалечувајќи се од него со по кригла пиво во рацете, му рече: „Ти си бистро момче“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Него со ништо не го споредувај, не го заменувај - при толку светлина и толку живот! - при толку длабочини и такви ајкули! не вели Море – тоа само ќе те заплисне без илузии!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Шишман зина во него со подотворена уста и чу: - Јас одам кај командирот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лежеше неподвижно на креветот и гледаше во ширниот празен простор над него со нездрава втренченост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бабо, мамо, тато, јас... јас сум голем! Тие гледаа во него со насмевнати очи, а бабата ги избриша своите солзи радосници.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дончо се чувствува слободен штом го нема Мурџо и сака да пронушка околу куќи, тој не ни знае какви овошки има бабата Перса, само штом ќе го направи првиот чекор и тоа на онаа страна каде што е куќичката на Мурџо, Мурџо застанува пред него со оклештени заби.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од врата излегуваше како фурија, а старицата мавташе по него со ќесето со сендвичот полн со марула.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ушите? - го праша. - Молам? - Ѓорѓија вознемирено се потфати за увото, мислејќи дека можеби нешто таму му застанало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Следуваше звук на истрел и пред него со огромна брзина се редеа чудни слики на кои не им го знаеше потеклото (знаеше само дека не е во кино).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)