него (зам.) - да (чест.)

Ама ми се чинит овој школо од ефенди Трајчета? — и се обрна кон него да го посочи на другите за пофалбен пример.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Набргу Петар се свитка, велат од ништо умрел... Писна Трајанка над него да тажи.. Го уби сиромаштијата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)