некого (зам.) - за (предл.)

Ја извади крпата од појасот и откако си ја избриша потта од лицето, на мајките, жените, сестрите и децата на отидените на Црн Камен, кои гласно лелекаа, тивко плачеа, им заповеда: А вие престанете да кобите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од Србите не сте подобри, одговори Крсте, а јас од овој час не сум кмет на Потковицата. Донесете си оттаму, од старите предели некого за да ви биде кмет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
МАРА: Ја види ти, потслези. Да не носи кметот некого за спање?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Туку ќе видиш некоја рака ги подотвора прстите, се мачи да се пресегне, да фати некого за коса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)