неколку (зам.) - книга (имн.)

Немаше време ниту да ги тргне неколкуте книги на Сталин и за Сталин, од својата библиотека, со кои веруваше дека ја штити библиотеката од непредвидливите натрапници во библиотеката, ги штити сите други книги, вклучувајќи ги светите книги на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се сеќавав на силниот впечаток што го имаа врз тат­ковата размисла за светите книги, неколкуте книги што ги прочита од Достоевски од едно предвоено издание на српски јазик со сини корици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Актуелноста на овој исклучителен уметник последните години и месеци е проследена и со неколку книги и неколку значајни изложби кои го прикажуваат Гринавеј во уште покомплексна светлина. 34 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јасно, останаа книгите, неколкуте книги со кирилски букви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега, кога ние влеговме и застанавме на вратата, небаре влегуваме во мечкина дупка, Петре ги тргна бљудот и плочата од скутот, ги навали до ѕидот кај што ги држеше неколкуте книги и едно шише со муреќе направено од базовички и по него закачено едно орлово перо какви што и ние наскоро ќе имаме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)