некој (зам.) - аспект (имн.)

Маклабас беше и пародија - но и критика - на некои аспекти на балканскиот човек, кој во тие времиња (а и ден денес) беше соочен со големи политички, социјални и културни проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ама ЈНА, како институција си остави трајни траги врз некои аспекти на нашето живеење.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Симон на Димитар Башевски во некои аспекти е можна верзија на Селимовиќевиот Ахмед Нуредин, кој исто така може да се толкува и како раскажувач кому не можеш докрај да му веруваш, кукавица, тип со политички аспирации, човек којшто настапува од интелектуални позиции и на мигови изгледа дека повеќе му е важна универзалната Правда, отколку да се спаси братот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, во областите како што се типографијата, хирографијата (пишување со рака) и психологијата на некои аспекти на тие проблеми во последно време им се обрнува посебно внимание, особено во врска со наставата на читање и пишување и со визуелната перцепција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)