некој (зам.) - дол (имн.)

Се истркалав во некој дол, во некоја дупка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама нема да го отепам подмолно, во некој дол и на ничиј синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш ѝ рече на снаа ми -што не го фрлиш во некој дол, зар од ова дете ќе стане нешто?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)