некој (зам.) - игра (имн.)

Во мојот живот, речиси секогаш, некое делче од вистината, што најмногу сум ја посакувала, останувала скриена. Ме изморија таквите игри!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Земанек сонуваше дека еден ден ќе се збогати, дека ќе добие многу пари на некоја игра на среќа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Токму како некој маѓепсничар да прекина од некаде од зад сите тие волшебни дрвја некоја игра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Животот за мене одамна престана да биде игра, и притоа најмалку ги сакам криенките - му реков. -Зар грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се причини дека ме воведува во некоја игра за која немав слушнато, а од која сепак, на крајот, ќе се појави некое чудно, можеби и непријатно изненадување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)