некој (зам.) - мачка (имн.)

Понекогаш, стравувам минувачите да не ме откријат, да не ме фатат и да не ме струполат пред муцката на некоја мачка, гладна и назабена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе мјаукне некоја мачка и јас ќе речам: Еве ја Ирина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ги фрлам пред некоја мачка - жалостив сум.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прозорците ги затворија да не влезе некоја мачка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
... Во последно време на Полин најомилена забава му станаа мачките; шеташе по бавчите, по дворовите, по плевните, по ѓубриштата и гледаше да вчапи некоја мачка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)