некој (зам.) - мачнина (имн.)

Се буди со некоја мачнина во стомакот која завршува со суви обиди за повраќање, а истото се повторува и во текот на денот, при вршењето на својата работа, а особено во миговите кога ја раширува шамијата со јадењето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Телото ми е запарено и ми предизвикува некоја мачнина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога по игранката се врати дома, темелно ги изми забите, ја исплакна устата и си легна со некоја мачнина во стомакот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но луѓето пуштаат брада, велеше дедо му, и кога некоја мачнина ќе му завладее во душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вчераутро, на пример, по доручекот во 9:00 часот, со длабоко воздивнување, погледнувајќи во часовникот од каршија, почувствував некоја мачнина од бавното минување на времето и од помислата за преостанатите 8 работни часови кои требаше храбро да се издржат.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)