некој (зам.) - облак (имн.)

Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Всушност авторот штутеше дали на ведрото небо на неговото задоволство нема да се појави некое облаче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Барем да се припојавеше некое облаче, да придувнеше некое ветре да го издуваше ова утро.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мислиш некој облак, некое клапче магла се тркала по опснежените ниви од полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патувањето со ова вовче, наспрема големиот воз Балкан-експрес со кој и покрај некогашната голема желба на Татко да продолжиме кон западна Европа не отпатуваме никогаш, ни се чинеше како да нѐ носи во небото, до некој облак, како во слика на Шагал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)