некој (зам.) - пиле (имн.)

Ако рече пак „сака", тогај ќе заколите и некое пиле, ќе си поседа и довечер, — да се вида и со другарчето и со дедовците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си мислам: некои пилишта ми застанале овдека и само ме колваат, ме кинат со ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Та пак го опитала: - А море брате, зашчо пејет вака пилинава?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Нејзе је се чинело, оту некое пиле пејт.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Баба ми ми го чула гласот детски, писклив како на некое пиле рането, ми пријде, ме крена и пак ме однесе на гумното да си играме со Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе испишти некое пилиште во ноќта, некоја утка како мене, и арамиите одново ќе ги тргнат штиковите. Од под гушата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За да не те разбие некое пиле: прлица или кукавица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе види некое пиле да го прелетува и тој ќе рипне, ко потполошка, потплашена и ќе трча по пилето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жабите крекаат, некои пилишта се збираат околу некаква мрша пред црквичето над реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)