некој (зам.) - плевна (имн.)

Можеби ја видел пушката пред некоја плевна во која непознати мажи пиеле и можеби помислил дека е во дните на негушките борби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кај ќе даде Господ- рече попот. – Не ќе се најде ли некоја плевна, некоја зимница... Додека да згрмадам нешто.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Господи, ги извртувал очите. - Никој мене не ќе ми донесе крст од бел камен. Никогаш, знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овде-онде гореше уште по некоја плевна, ѕидиштата празни се извишуваа и стрчеа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ја носеше понекогаш во некоја плевна и тука се обидуваше да ѝ го прави истото она што Оруш варџијата ѝ го правеше на жена му од питропот Андро, но таа не го оставаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дали две три куќи беа спасени, некои придружени објекти, штали, амбари, по некоја плевна, тркала и други помалку важни простории, но главното отиде во неврат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знаел кога му се подавале рацете по туѓо. Да се сети, а? Добро, ќе се обиде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)