некој (зам.) - причина (имн.)

Имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на опасен предмет што му го доверил на лице кое не е оспособено или не е овластено да ракува со него, одговара за штетата што ќе произлезе од тој предмет (чл. 162, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некои причини се едноставни, како на пример фасцинацијата со науката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш прв пат почнав да се сечам и бодам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И подоцна учителот го молевме да нѐ одведе в град, но тој постојано наоѓаше по некоја причина или ни ветуваше кога ќе учиме за езерото и рибите...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
8. Толе реши и оваа зима да ја помине пак со Миша во Полчишта, но за да се насели сосема требаше да има затоа некоја причина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред свеченото отворање, во март 1995 година, МОТ (како што од некоја причина се претпочита да биде нарекуван), долго време беше „под оган” заради скапите набавки, меѓу кои особено се истакнува примерот со „Девојчето со панделка” на Roy Lichteinstein (шест милиони долари).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Па има некоја причина, но јас не ја знам, а можеби и никој не ја знае, - велам јас.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кон крајот на педесетите години на гробиштата на Донскиот манастир, кој е во близина на издавачката куќа „Мисла“ и токму наспроти лудницата Соловјев, можеше да се забележи еден необичен маж.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не е ни чудо што постојано прашуваме, со едвај потиснато нетрпение, зошто просто не исчезне таа геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-културата е остаток од едно минато време.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го кочи остварувањето на асимилацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи геј-луѓето веќе не се угнетени, нема некоја причина да се здружуваат во посебни општествени групи, а камоли да создаваат посебни културни заедници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно општествената прифатеност и интегрираност ќе ѝ стават крај на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што нема да завршат глуво шлаканиците што некои бабачковци, неодговорни типови, онака, без некоја причина, ќе му ги удрат на театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега веќе не се ни сеќаваше за што зборуваа, само знаеше дека поради некоја причина мораше да се наведнува и секој збор да му го шепоти на уво, иако музиката не беше толку гласна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Воодушевен сум од шоуто, меѓутоа не можам да прочитам ништо од забелешките за претставата. 21.15 Почнувам да се повторувам, заборавајќи што сум забележал претходно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради некоја причина успевам да склопам само по три збора во еден ред. По цели страници за една реченица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради некоја причина почнувам да чкртам по белешките.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Второ, сериозни физички симптоми се јавуваат кога има некоја голема животна дилема, но поради некоја причина не се води разговор потребен за нејзино разрешување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да се бањам? Изгледа премногу комплицирано, така што повторно се враќам крај телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се случува кога сум возбудена? Особено, без некоја причина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од некоја причина, тој секогаш си замислуваше дека виното има интензивно сладок вкус, како вкусот на џем од капини и непосредно опијанувачко дејство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од некоја причина беа наречени „дупки за сеќавањата“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од некоја причина Винстон ненадејно помисли на г-ѓа Парсонс, со нејзината разбушавена коса и со правот во превоите на лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Телекранот во дневната соба беше поставен од некоја причина во необична позиција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прибираше сили уште нешто да пронајде во себе, некоја нејасност, некоја причина за паѓање во нова стапица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никогаш не сум ја запрашал... па и не паметам кога престанала... да ја прашам... не, иако не кажува, мора да има некоја причина...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од некоја причина позната само на судијата, четирите карти – дами најдени во џебот од вашето палто се крунски доказ дека сте виновен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Па има некоја причина, но јас не ја знам, а можеби и никој не ја знае, - велам јас.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)