некој (зам.) - птица (имн.)

Оваа мастилна преслека која наликува на крлушките на диносаурус, ја намалува агресивноста на изгледот на воен авион и му придава дури и извесна сличност со некоја птица, џиновска птица можеби, но безопасна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кон крајот на 70-тите, и почетокот на 80-тите, во Русија се провлекуваат информации кои се однесуваат на творештвото на Бојс, низ железната завеса, која во тоа време почнуваше да ја губи својата непропустливост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Белјев и Преображенски пак, го „преоблекоа“ авионот во „валенкис“, традиционални руски чевли изработени од мастило, и кои и ден денес се натпреваруваат со марки од типот „Бали“, „Рибок“ и други странски модели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можев да почувствувам, по црцoрењето на некоја птица, дали пати или се радува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Си реков, можеби е некоја птица, ама каде толкава птица за толку далеку да ја здогледаш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со помош на слухот јас успевав да се најдам среде животот на гласовите на по некоја птица и на шумовите што го предизвикуваат движењето на инсектите меѓу тревките.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А самата жетва поминуваше со многу радосни возбудувања: сè, ама сè ги развеселуваше жетварите: скоривањето некоја птица од седелката изградена во житото, јали некој зајак, јали некоја лисица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Или сите овие претпоставки беа обични самозалажувања бидејќи изгледа токму Даскалов отстојуваше овде, а јас бев оној отскитаниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели тој често ми има зборувано за тие небесни чекори што толку убаво го познаваат јазикот на оддалечувањето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не го бев кренал погледот но бев сигурен дека Даскалов има отшетано до некој од прозорците на чардакот и го следи животот на некои од горните патишта: можеби внимава на патот на некоја птица; или облак; а можеби и на некоја одвај видлива патека по која далечниот спомен одвај се влечка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност зборовите што втасаа од некаде ми открија дека тој сепак се наоѓа во собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа едно зимско утро излегов на балконот и видов дека на столот на мајка паднал снег, го покрил нејзиното испразнето место.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко му пристигна вечерта. Следниот ден влезе во возот за Хамбург носејќи го со себе својот син во малечок ковчег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав како понекогаш ветерот минува преку него со исушен лист, или како некоја птица – врапче, гавран или гулаб - застанува на него, да се одмори, да си го наостри клунот од металните држачи, или да го исфрли од себе изметот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сигурно некоја птица имаше удрено по стаклото, “мислејќи дека е друго небо,” како што велеше Хајнерле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да одам по Добрина со туристички чекор, мапата во џебот од синото палто (таков студ, а да си го оставам капутот во Бурглос), до еден плоштад спроти реката, речиси врз зататнетата река со искршени мразови и лаѓи и по некоја птица рибарче која таму се вика збуанија тхено, или нешто полошо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жена си замислува имиња кога патува, ги помни во моментот: Добрина Стана, збунаија тхено, Бурглос.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се симнав од дрвото. Утови, ве молам Утариус да го славите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дебелиот се развесели: - Повели, барај. На дрвово е сепак некоја птица.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Откај Голем Град - ниту кајче, ниту човечки глас - саде крик на некоја птица.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Го слушаше нејзиниот брмчеж во главата, сè додека некоја птица не му долеташе и не му ја клукнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само по некоја птица в лет ќе му ја повлечеше на Јагулчета мислата во нов тек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во песната на Абориџините се наоѓа и по некоја височинка на срцето, се наоѓа и бистрина на окото, се наоѓа и по некоја птица искубан опаш како колва трошки од туѓи соништа.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ми се слуша некоја птица да пее во шумата и си мислам дека сум отишла во некој друг свет, во некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае дали некоја птица застанала на него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И беше темно, ужасно и опасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во наша близина се скрши гранка, крекна некоја птица, месечината се скри зад некој облак и...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)