некој (зам.) - ред (имн.)

„Ти потцртав некои редови, можеби ќе ти олесни кога ќе ги прочиташ.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пофаќајќи овде-онде по хартиите за да направам некој ред и за да можам подоцна, по чакарењето низ прозорците, по здогледувањето повремено на по некој што поминува, што ја поткрева главата кон мојата соба и, молчејќи, без ни да се накашла, заминува, пофаќајќи, значи, по хартиите, го најдов оној плик со писмото на брат ми од Мелбурн и зедов да го препрочитувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)