некој (зам.) - селанец (имн.)

Зад Ново Село лаеја кучиња. Долу, во полето среде во пченките, светеше фенер. Некој селанец си ја поливаше пченката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— „Ќе удра секако на некоа трага, било некој селанец ќе затече в село, или од некој заробен војник ќе чуа нешчо".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се колнам не е дубара, свет човеку: така беше. Ако ти е жал за мене земи копач откопај ме ... (Народна.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто дедо Геро и не се сложи со некои селани кога рекоа ако не можеле да го убијат Лумана, тогаш зошто да му проштеваат на Бошка Манев кога тој секогаш им е в раце.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Погоди на среќа“, велеа за добитникот на 500,000 во најновото издание на „Милионер“, всушност љубоморни што не тие, туку некој селанец од Росоман, знаел која е Модести Блејз.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А тој пак, иако „голем човек-ќатип“ на целата витолишка општина, во „френцки“ алишта облечен, не се срамеше и не се креваше наголемо, како некои селани што се беа пограѓаниле, та сметаа за простоталак да свират на гајда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)