некој (зам.) - тага (имн.)

- Се ме фаќа некој страв, некоја тага.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаше некоја тага во купувањето по супермаркетите, во тоа отсуство на духот сред купиштата материја, кое додуша понекогаш е неопходно за и најдуховниот да се сосредоточи на неговите практични потреби, дури и ако тие за него завршуваат кај млекото и лебот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како да го обзеде некоја тага по младоста или можеби ненадејна свест за тоа колку е неповратно стар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Почувствував како од ќесето по раката, од рамото кон градите ми се качува некоја тага и жал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми остануваше да се радувам ноќе, кога само што ќе ги затворев очите, во сонот брзав со училишна торба за да не задоцнам на училиште, но кога ќе се разбудев ме фаќаше некоја тага, болка, излез немаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Гледајќи ја беспомошно, му дојде некоја тага, помислувајќи дека е тој крив за ова што ѝ се случи, за нејзината смрт.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не чувствуваше ни радост туку некоја тага со желба да седи мирно во неа, по можност вечно, да ја исцеди тагата во којашто му беше потопено целото тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)