некој (зам.) - убавица (имн.)

Анатолиј лично ми има раскажувано дека две стари држави десет години војувале за некоја убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Катерина и Јана без сомнение се привлечни а притоа и убавици!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ема ја познаваа и двајцата, не беше некоја убавица по која се врти старо и младо додека поминува низ градските улици, но не беше и грда девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)