некој (зам.) - фаза (имн.)

Веќе недела дена во нашата женска куќа се раздели струјата, некоја фаза ни фали.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веројатно во некоја фаза од праисторијата мажјакот и женката на хомосапиенсот се договориле дека им е побезбедно заедно отколку сам-по-сам: тој ќе ја брани од сабјастиот тигар, таа ќе му готви манџа од мамутска коленица, а заемно ќе си се развеселуваат гушнати под крзно од опосум. Ем бизнис, ем плежр!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)