некој (зам.) - добар (прид.)

Додека синот чита стрип на тревата, му приоѓа татко му и вели: „Синко, еве ти дваес долари; сакам да најдеш некоја добра курва и да ја цепнеш”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Аха, да. Рибата ми ја отвори вратата, јас ѝ кажав дека ми треба дел од нејзиниот задник и ѝ ги треснувам оние дваесет зелени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еве и ова, за начините на посматрање! Тој и не е некој добар посматрач на луѓето, нема доволна дистанца од себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој сакаше да ѝ го каже тоа додека таа ја јадеше питата, но некоја добра особина во него протестираше против овој вид аргумент.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Остави задужбина да се изгради саат-кула и во Скопје, да се доведе, пак од Сигет, некој добар мајстор за овие работи, тој нека се плаќа добро, ама да го намести саатот врз саат-кулата како што треба, и притоа тој да отчукува и модерно, не само по турски, туку и а ла франка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Единствено што правам од задоволство е пиењето кафе или од виното на дедо ми и читање некоја добра книга.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некој добар психијатар со стрпливост можеби би дошол до него. - Тој никогаш не би отишол кај таков. - Знам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стопанот, кај кого работел, бил некој добар човек и извадил петолирка, им ја дал на неговите другари за да го гледаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)