некој (зам.) - селски (прид.)

Но тој сите тие удари ги примаше со некоја селска рамнодушност, со селска упорност: беше жив пример дека селаните имаат посилен организам од сите други, дека имаат подобри нерви, дека во крајна рака, имаат и подобра интелигенција, дека кога им говориш нешто, низ едното уво им влегува, а низ другото им излегува, и дека нивната филозофија трпение- спасение, редовно дава плодови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Главата на Ѓувезија ѝ смрдеше на лепешки и таа помислуваше дека ѝ е фрлена на некое селско буниште.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кога на Митровден ги намнисуваа браќата Сукаловци за некоја селска работа, Стојо бегаше Опстраница и таму оставаше цела недела и две, а Илко се изговараше дека без бацка си Стоја тој ништо не знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Никогаш не вели „никогаш“, ја кореше мајка ѝ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не било баш или-или. Или ќе бидеш исправен како топола, или ќе завршиш како ќутук во некоја селска пилана.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Баш тука кајшто кулата накривила капа се влегува во постојбината на рамнотежата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
По погледот кој беше упатен кон нејзиниот маж, можеше да се заклучи дека таа е белграѓанка, а тој дојден од некој селски забит.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)