некој (зам.) - сериозен (прид.)

Очигледно читаа некоја сериозна вест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Непропорционалноста, на прв поглед, меѓу главата и телото доаѓаше поради двата израстока: шишарката на главата и нагласениот подбрадок, кои му даваа некој сериозен и тажникав израз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Друштвото со кое беше Томо таа вечер не ја познаваше Рада, но гледајќи ја озареноста на неговото лице заклучи дека станува збор за некоја сериозна врска проткаена со многу љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има ли намера со некоја сериозна понуда да ја круниса врската или уште ќе ја играте „иди ми дојди ми?“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вистина, некои сериозни забелешки направија и П.Бошњаков (1902), и Ст.Ј.Дедов (1902), па и некои од најистакнатите револуционери, но сите тие брзо и мошне успешно биваа неутрализирани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)