некој (зам.) - скриен (прид.)

Ќе одговара и имателот на предметот ако штетата произлегла од некоја скриена мана или скриено својство на предметот на кои тој не му обрнал внимание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наместо имателот на предметот, и исто како тој, одговара лицето на кое имателот му го доверил предметот да се служи со него, или лицето кое е инаку должно да го надгледува, а не е кај него на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Не смееме да зборуваме ништо по патот“, продолжи таа, „за случај да нема некој скриен микрофон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Па дури и си се поздравувавте како да си имавте некоја скриена тајна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И денес забележав како Ратка му потурува на Пандила да си измие раце и како тој не го крена погледот кон неа, не знам, дали од срам или од почит, или пак заради некоја скриена мисла и тајна желба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не“, одмавна тој со тешка рака; кругот на животот се собираше сега кон својот центар, се ближеше кон некоја скриена цел.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак, чувствував дека ме гледаат со некоја скриена почит и срам од восхитеноста што не можеа да ја сокријат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вревата во големите градови речиси ме полудува. Прави панично да трчам по улиците барајќи го мирот во некое скриено ќоше за кое знаат само уличните кучиња, бездомниците и најочајните наркомани.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- На слици, ми вели капетан Мирковиќ, ако имаш слика во џебот, вели, и некоја скриена насмевка му ги поткрева мустаќите. Му ги подраширува образите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)