некој (зам.) - страшен (прид.)

Зар едноставно беше тоа некој мал кеиф, о, се колнам, тука беа чувствата вмешани, тоа беше некоја страшна, длабока сила.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На сите лица како да беше удрен еден печат од некоја страшна и семоќна рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеби е од оние проколнатите што сме ги гледале по филмовите, можеби во неа скапува телото на некој убиен човек, или пак се крие некој страшен убиец, а можеби ноќе, таму, некакви вештерки подготвуваат отровни пијалаци за маѓепсување на децата?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Според изразот на неговото лице, тој како да открива некоја страшна вистина.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Оти тоа негово појавување како да е некоја страшна не закана туку вест.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И после чувме дека виното претекува, и Левтерија се тргнува, како кога ќе се разбудиш од некој страшен сон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)