некој (зам.) - темен (прид.)

Сликите, стиснати во рамката на отворениот прозорец, беа необично живи и подвижни, затоа во собата се беше во некоја темна, студена неподвижност, сѐ, дури и оној мирис што го имаа старите куќи во занемениот град.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Жените нивни, исто така, беа поинакви: некоја темна сета преминуваше преку нивните лица...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во сите простории лебдеше некоја темнина, некој темен превез.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зошто ми е живот лишен од слобода да тлее во некоја темна ќелија на Еди-куле, или да се стопи под жешкото сонце во Сахара? не, претпочитувам да умрам!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие, лудост која напнуваше до дебелите камени ѕидови, но, не можејќи да ги турне, се уништуваше самата себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од простата причина, дека после гласот на Катерина што неколкупати ме одмина и она изненадувачко претрчување на Јана по силно осветлениот премин, таму негде, зад последниот свиок од некој темен влез на затворската просторија истрча тетка Боса и ми се фрли в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Со денови посакувам да те сретнам а ти постојано ми се измушнуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да бидеш сам, сосема сам, мило дете, мало човече, да се скриеш во некоја темна, длабока пештера, настрана од сите, од секој човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
6. Од праискони некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И во предел на дивна усама нѐ всели.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Долж сето лето Некоја темна боја се лачеше од земјата И светци Пеејќи темно како пред погуба Ни држае час по родопис.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Попусто, Ниту е доба пред цветање Ниту пак нешто гасне: Некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И дивна усама околу се ниша.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)