некој (зам.) - речиси (прил.)

Зборуваа дека тоа било некое речиси човечко разбирање меѓу нивните два погледа. Само што не постоеле зборови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не дека таквата позиција ќе остане непроменлива, сепак дава некоја речиси комплетирана слика за личноста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му требаа само неколку мига да реши. Со некоја речиси натчовечка брзина почна да се искачува нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не од понизност, од самољубие приложувам една реминисцентна сцена во која ќе се препознавам трајно можеби не само јас: од мојата уста-песна на мајчин јазик излетува опсесивен копнеж - некој речиси жив човек а јас останувам устремена на истото место но божем се враќам Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во неколку долги чекори го помина бришаниот простор и навлезе во шумата над селото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)