нему (зам.) - или (сврз.)

Колку и да се трудев да бидам јака и да му помогнам, не успеваше, а сепак и јас сум сè уште доволно млада па имам сопствени емотивни кризи, понекогаш и мене ми е потребна поддршка, исто колку и нему или на било кој друг млад човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од 216 штета – ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Костадин Дамески, старешината на Потковицата, отворено го искара, отворено му рече дека зборува детиништини, дека тие работи не се прават така како што ќе му падне на умот нему или на некого нему сличен, туку така како тој, Костадин Дамчески, што поучува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
6.  Штета е намалувањето на нечиј имот [обична штета] и спречувањето на негово зголемување [испуштена корист], како и нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв [нематеријална штета] (чл. 142, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чичко ми Трајко го стави чајникот со вода за чај, рече - со здравје партизани, се насмеа и замина некаде да ја чека Новата година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се уште не сум ја расчистила дилемата дали повеќе му се радував нему или на играчките.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)