нешто (зам.) - што (зам.)

Факт е дека Дишан ја одбира еротиката како тема која е апстрактна за неговото творештво, така што природно го нагласува впечатокот, бидејќи ако и постои нешто што не ја поттикнува рамнодушноста туку, напротив, ја возбудува длабоко продирајќи дури и во митот, тогаш тоа е човечката сексуалност заедно со инцестот и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се чувствував како предмет; како чаша, како нешто што служи некому.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За нив нема никакво значење национализмот што се смета за нешто што си го има одживеано својот век. Тие се интернационалисти. Тие се најнапред луѓе, па после, ако им остане за тоа време, се Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првото нешто што се бара од нас е: да ги знаеме нуждите наши и на нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таа опшност не е нешто што почива врз некакви заеднички спомени и заеднички историски задачи што да се сознаваат и да се имаат сознавано од нас и од Бугарите еднакво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првото нешто што бие в очи тоа е што г.Станчев си останува на истото место во сето време откако знам за него /има околу 9 години/.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првото нешто што може да се рече тоа е дека ние не сега се одделуваме од Бугарија и со тоа раздробуваме едно создадено цело, туку сме одделни и живееме веќе одделно повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
122. Така на пр., г.Баласчев, охриѓанец родум, наместо да се занимава специјално со историјата и интересите на Македонија, ми ги изучува бугарските интереси и „материјалната култура на бугарското ханство” 123 нешто што го има за Македонија истото значење како и историјата на Абисинија до покрстувањето на Абисинците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можам ли јас да не ти поверувам? Та ти си единственото нешто што ме држи уште во животот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури тогаш ми олесна. Како да ми се тргна нешто што ми газеше на душава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто што ќе се извиши над куќите, што ќе памине низ сите јалици, и што ќе заврти и околу селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да не си каснал нешто, велам, нешто што не е за јадење, велам, и почнувам да плачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Расфрлени од ветар и од претчувства дека ќе се случи нешто големо и незаборавно, нешто што ќе е важен дел во историјата на животот и на светот, на небото плачеа жерави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Доброутро, спанко! Повторно ме плашиш. Томо само ја развлече устата во нешто што требаше да личи на насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доживувам откровение на сознанијата, конечен заклучок на нештата што сум ги знаела.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Готова сум да ризикувам, но само за нешто што вреди, не за некакви парченца стар весник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да велеше, „тоа е неизбежно, нешто што мораме да го правиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подобро дури и од вкусот на кафето беше свиленикавата густина што му ја даваше шеќерот, нешто што Винстон речиси го беше заборавил по годините со сахарин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше како да го притиска некоја огромна сила, нешто што му навлегува во черепот, што му удира по мозокот, што го преплашува во убедувањата, нешто што речиси го убедува да го одрече доказот за својот разум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од предната страна на кафезот беше зацврстено нешто што наликуваше на маска за мечување, со вдлабната страна кон надвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и на Винстон му беше јасно дека таа чека нешто што знае дека ќе се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојат случаи за кои најлошата работа на светот е нешто сосем безначајно, нешто што дури не е ни смртоносно.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Чана како да беше откриена во нешто што не треба никој да го знае, ѝ се рашета крвта по лицето, очите ѝ затрепкаа, а од устата иако се отвораше и затвораше, не излезе глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А тоа беше нешто што не смееше да му се случи на еден славен мачор.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Само главата ми тежеше од виното. И за чудо, од нешто што личеше на срам.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не е фикција кога човек умира за одредена цел, а не ретко на најсубверзивен начин човекот себеси си поставува за цел нешто што однапред е недостижно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Да напишете дека сте врбувани од Озна, вели Пиракли, нѐ тера да се сетиме на нешто што не било.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше опцул нешто што не треба и повредил неколку братски републики.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, секој има по нешто што ќе го тера да се притресува и да приплакува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ај, тогаш може да беше детинска симпатија; нешто што брзо се врзува и брзо се кине, но што е ова што ми се прави сега? А и Михајло Горачинов...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми е страв да не кажам нешто што не треба, да се испуштам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му беше добро, но денеска се случи нешто што му го разруши мирот и го застави да го стори она одошто најмногу се плашеше: да побегне.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ноќта се случи нешто што сосема му го збрка планот на Мечета.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сакаше нешто да каже, нешто што мораше да се каже, но се снебиваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)