нешто (зам.) - неразбирливо (прил.)

При седнувањето судијката ме погледна право в очи, речиси во исто време кога адвокатот ми се доближи до увото и ми шепна нешто неразбирливо.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И Јон, вистина, се налути. Мрмори нешто под носот, нешто неразбирливо, ама јас знам дека е пцуење. Само јас знам дека е тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)