ни (зам.) - бега (гл.)

Зборовите сега полесно ни излегуваат, речиси без прашање ни бегаат од устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прав и пепел Признание: „Прав и пепел тоа е она кое останува на крајот она кое било искон тело, збор, жена, хаос и кое не ни бега, тоа е сѐ освен зборот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Водиме мачки, но ни бегаат на покривите од куќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)