ни (зам.) - излезе (гл.)

ПАРЕ: Така, касмет, зарем за да не ни излезе некој лош збор. (Пак чукање на портата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Гледаш како живееме ние слободно? Не се плашиме ни од Адема, ни од најлошиот Турчин, само да ни излезе пред пушка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тие сите му оставија пари на чеврето одозгора. Душата ни излезе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Обериутите” подоцна настапувале уште неколку пати, но по жестокиот напад врз нив во листот „Смена” групата престанува да постои, па така не ни излегува планираниот алманах „Архимедовата када” („Ванна Архимеда”).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)