ни (зам.) - остави (гл.)

Ни оставивте само едно јуниче, зар со едно добитче ќе ги ораме нивите, ќе ми умре челадта за лебец!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да не е ова бујцата, си велам, да не ни ја донесоа војниците, си велам, којзнае какви болесишта ни оставија војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ни оставија место за сакање, му велам, но Горачинов веќе ми ја затвори устата, не ме остава така да зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај ќе поминеме и ќе ни остави по нешто...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Караницата со Сталин ни остави троа време и надеж дека козите ќе останат живи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој што ни, Вело, однесе сичко — тој ни остави од темно темен веков за мака - но и за борба.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Еве како костурскиот делегат Васил Чакаларов, кој ни остави драгоцени податоци за работата на Конгресот, го опишал приемот на веста за атентатите и реагирањето на првиот човек на Битолската организација Даме Груев: „Од Битола пристигна писмо од Лука Џеров во кое пишуваше: ’Во Солун Отоманската банка е фрлена во воздух со динамит, низ градот се фрлени бомби... еден француски пароброд е потопен, пак од наши работници. Иницијаторот е фатен...’ тоа нè изненади.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)