нив (зам.) - излезе (гл.)

Кога Крсте излезе низ малата вратничка, а Нешка се наведе да се појави да види дали некој не ќе го види оти од нив излегува, овој ја исползува нејзината положба, ги бакна своите четири прсти на десната рака и ѝ ги залепи на левиот образ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се поместија куферите од чезата, преполни со книги, широко се отворија и од нив излегоа многу книги, едни велеа дека го поарчил времето за книгите, времето во гурбет, други велеа оти нешто му се заматило во умот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на крајот рече: Е, мој Камилски, и јас така станав дел на изреката меѓу народот: Не те прашуваат што правеше во на гурбет, туку што донесе!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По нив излезе капетанот со Љакета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во черепот забележаа змиски јајца, кои при фрлањето на черепот, распукаа и од нив излегоа мали змивчиња; луѓето се згрозија и почнаа да ги удираат со лопатите и да ги гмечат со нозете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И сите мислеа дека логотетот и Лествичникот гласале за Филозофот, дека душата своја само тие двајцата му ја дале, милоста благоутробна своја; сите мислеа така, оти предлогот го даде Лествичникот со уста своја и грев беше, хула бесчесна беше дури и да се помисли дека тој не гласал „за“, или дека логотетот не гласал „за“; но само јас знаев дека Лествичникот е погано и лажливо куче, со око побелено, оти знам дека и јас гласав за Филозофот, а мојот глас, третиот, го немаше; а го немаше затоа што Лествичникот беден беше гласал против Филозофот, еднакво како и другите, и најлицемерен од сите нив излезе, оти устата негова предлог даде што го отфрли душата негова, и оти вистина беше дека само јас и логотетот бевме вистинските пријатели на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одеднаш пред нив излезе раскрсница.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се слушна топот на коњски нозе - од другата страна на полјанката се подраширија гранките на елките и боровите и од нив излегоа тројца коњаници вооружени до заби со пушки, пиштоли и остри ножеви.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Уште не ја имаа допеано песната кога од орманот под нив излегоа волови, а по нив дете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И излегоа. Со нив излегов и јас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)