нив (зам.) - мине (гл.)

Крај нив мина жена со куси клепки и детски танко вратче.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крај нив минаа група жени во црно завиткани и со жолти китки в раце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Просто се гледа како низ нив минуваат листовите што ги голтнале; нивните тела се стегаат и прошируваат додека некорисната кашеста маса не излезе во форма на совршени топчиња од нивниот ректален дел; бидејќи гасениците се просто дел од цревото, украсен крак на алчниот мускул, целото нивно суштество му се предава на напорот на варењето. Le tube digestif des Insects est situe dans le grand axe de la cavite generale du corps... de la bouche vers l’anus... Le pharynx... L’oesophage... Le jabot... Le ventricule chylifique... Le rectum et l’ileon...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Моите намери беа добри, но со нив минав низ вистински пекол?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седејќи патуваат кон недостижност, крај нив минуваат нејасните облици и бои на ноќта и од свое подземје надојден рој комарци под чии смукалки набабруваат тврди пликови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)