нив (зам.) - претстави (гл.)

Лајпциг е историски град, полн со споменици, со многу старини, град во кој можеби најмногу е изразен барокот во архитектурата на многубројните цркви, и секоја од нив претставува само вистинско ремек-део, а на градот, со својата посавеност и со извишените кубиња со кои го сечат небото, му даваат впечатливо убав белег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А колку се тие големи, може да се претпостави, кога ќе се види дека секоја од нив претставува зграда од два-три ката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прикажува десет дискови во движење, во девет од нив претставени се игри со зборови, напишани со бели букви на црна подлога, спирално наредени; со овие игри со зборови, десетте дискови се заменуваат со апстрактни мотиви, со чие вртење се создаваат нови оптички спирали.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)