нив (зам.) - сака (гл.)

Вие сте продадени души... Непријатели држите во манастиров... Останаа живи на Кајмакчалан, не ги смачкавме, а сега се прават пријатели... Вие сте издајници... Заради нив сакате и мене да ме убиете...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кара-Демир, потоа Константин, така тече разговорот, не се грабаат за збор, се сочекуваат, ја забораваат болката и блиската смрт, секој од нив сака да го надживее другиот за временска педа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Уметникот не му ги собул веројатно затоа, што во нив сакаше да ја сочува големата симболика на неговото надворешно и внатрешно сиромаштво што заедно со ненаситната лакомост го одведе кон големото одродништво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кажуваше брат му на Фета, страшен милет биле Маџарите... – А токму нив сака нашиот падишах да ги покори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од сите страни итаа луѓето, таниш, секој од нив сакаше да биде прв што ќе го израдува мајсторот со сопствениот восхит и со својата чиста благодарност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се појавиле и нови дедовци со нови аманети, а секој од нив сакал да го надмудри својот другар.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)