нив (зам.) - им (зам.)

Имено, таа е прогласена за технолошки вишок и, од страна на работодавачот, и е врачено отказно решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По дознавањето дека е утужен, работодавачот реагира различно спрема конкретни поранешни вработени, обидувајќи се да ги компромитира и да внесе неслога меѓу нив – па така, на некои од нив им понудува да ги врати на работа, а тие за возврат да ги повлечат тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Жената на протата никогаш целосно не им се приопшти на првите иако, по својот положај, нив им припаѓаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како што времето, просторот и сознанието беа изедначени, така нив им се придружи и судбината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поправо, најстариот од нив им рекол дека сега, кога сме ослободени од едните и од другите, треба да ги заборавиме сите поранешни пизми.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сето она со што се среќаваат во светот околу нив им го дава истиот сигнал: тоа беше тогаш, а електронските комуникации - сега.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ризо и Бакстер, во камионот пред нив им мавтаа на Ливајн и Пикник.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Обајцата, пошле секој на своја страна, едниот Онисифор да копа јама, сам, со циганска дурија, другиот да собира гранки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На оние што гледале по нив им се чинело дека под нозете на двајцата најтврдоглави на светот земјата ќе се разбранува и светот ќе отиде по ѓаволите со таков тресок и кршење од што и небото ќе оглувне, ќе се распадне и ќе се урне врз скрка и распаднатост, но Онисифор и Онисифор ништо не мислеле додека се веднеле над своите намери, без здив, предвреме мртви, со движења условно продолжени заради трепетот на истинатото месо, заради решеноста едниот од нив да изврши насилие врз другиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помисли дека и на сите нив им беше доста прогнувањето околу неговата бука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А колку само од нив им јавиле на домашните дека некој пресечен дрвар останал да леже во планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во гестовите имаше манири на жена од повисок ред за кои таа беше свесна, но нив им придаваше некакво значење само во врска со сознанието дека со таквото однесување за другите беше поинаква, необична и интересна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мене ми требаат такви мажи, како што нив им треба жена како мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
У контекст на претходно кажаното, ми cе јавуе другарот од Калгари и ми вика дека нив им вратиле уште плус по некоја иљадарка зашто не се потрошил буџетот на Алберта и срамота било да не им ги вратат парите на луѓето.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Која од нив им го покажува времето и оди напред пред сонцето? Ни една.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Другите работеа а на нив им даваа сѐ што требаше, од ништо немаа истиза, ни тие двајцата, ни внучињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А заправо, има тука некоја логика: земјите се како кујнски садови, а небото над нив им е поклопец.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Мораа да ме пуштат. И нив им беше смешно да ме сметаат за нишка од онаа илегална мрежа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
(Еден од офицерите кои останале со нив им раскажувал за тој чудак од старите времиња, кој ни своето сопствено море доволно не си го познавал).
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Постоев заедно со мрачни сеништа, нив им ги дадов моите детски соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам само дека ме научија да мразам, премногу знаев и премногу страдав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Насекаде беше мирно и нив им се чинеше дека никој не ги чул.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Гледајќи ги децата како стојат нерешително крај патот, стариот селанец што се возеше во нив им се сврте и весело им довикна: На каде, дечиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
ЈАКОВ: (Се удира по уста) Будала еден, постојано ги тераш луѓето да бидат живи, а нив им е толку удобно што се мртви. Со какво право? Простете, бацувам раце, се препорачувам топло, простете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Роса на нив им ја придружува и тетката Перса, додека Пелагија и Пеличка се замешаа во тајфата на Роса и станаа дел од неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие на нив им ја фатиле таа сметко-потврда за тој ден и кога виделе оти пари не се уплатени, а сметко-потврда имаат, се сетиле на мене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сал нив им ги отвора широко зениците топли од сонувања за дни недонесени, меѓу сите предели ги брише границите... Затоа поетите гледаат занесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)