нив (зам.) - никој (зам.)

Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само двајца или тројца знаат за нив, за куќата во која се сместуваат, за времето кога ќе си одат, ама освен нив никој друг не знае каде ќе одат... народецот знае само да ги нахрани, да ги стопли, топло да ги покрие кога спијат другарите од власта народна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зошто токму нас, кога беше доволно само да го вклучат телевизорот и да видат стотина актери кои се толку педери да не им поверуваш на своите очи и нив никој не ги пипка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто токму нас, кога можеше да го запознаеш својот холивудски идол кој ќе ти раскаже како изгледа девојката од неговите соништа, а истовремено го држи својотqубовник под рака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нормално, Фектори имаше свои педери, па ние бевме во шоу бизнисот - а тоа е шоу Бизнис!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нив никој не ги учел, освен нивните предци, на добрите работи, сами ги насетуваа: чувството на понизност, чувството на благодарност, способноста за простување, преку тоа ослободување на енергијата меѓу нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што се однесува до селаните, нив никој не може да ги разубеди во тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Интересно беше и тоа што над портата на Едо селанецот, во уличката, имаше уште две порти, но на двете висеа заклучени катанари што значеше дека во нив никој не живее.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А од нив никој и не помислуваше да запре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не знам дали потоа спие со неа или излегуваат На прошетка Тоа се толку тајновити нешта, За нив никој ништо не раскажува Само знам дека во едно од идните утра мечката ме разбудува Од зимскиот сон и грубо бара да играме нова партија шах Фигурите се убаво подредени а Кралицата, Кралицата со некој Нов нескриен пламен во очите нестрпливо чека Да го повлечам првиот потег И да ја упатам кон нов пораз. на Прочка 2001
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пред нив никој не поминал.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)