нив (зам.) - тој (зам.)

Како не беа некои од нив тој што го оплеска, ами ќелавиот Аќиф.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Виа Ѓургулу“, меѓутоа, е првото и единственото недоумение и разочарување, само преодна глетка, која се губи веднаш штом ќе се звалезе во следната улица, чии димензии се исполнуваат со многу новоградби, кои од темел ја менуваат физиономијата на градот; со нив тој сатнува панорама - нова, широка, пространа, сончева...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Покрај слухот Hegel во своите Предавања за естетиката го воспоставува и видот како еминентно сетило-теоретичар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За разлика од нив тој ги исклучува од уметничкото уживање сетилата какви што се, мирисот, вкусот и допирот, бидејќи „тие сетила се во врска со материјалноста како таква и со нејзините непо­средни сетилни квалитети; мирисот со материјалното испарување низ воздухот, вкусот со материјалното распаѓање на предметите, и допирот со топ­лото, ладното, мазното и т.н.”
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Заради нив тој метафизички коридор е отворен за поетската средба со смислата од која се раѓа симболистичката напнатост во модерното битие на стихот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За нив тој ден беше како празник.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Браќата му биле бербери и покрај нив тој се запознал малку со берберскиот занает.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По сè изгледа дека пред нив тој ја изнел заканата против македонското население во случај на востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во нив тој многу бараше и најде само едно. Себеси.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И кога се најде за постоење, престана да постои, брзо, пребрзо, за до го согледа својот крај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тие нека почувствуваат радост, и за нив тој ден нека биде посебно доживување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Патуваа дома, секој на свој начин. Оној патуваше така. Растојанието од нив тој полека го скусуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговиот поглед беше многу спор за да го дофати барем кај една од нив тој миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од нив тој веќе можеше и да ги распознава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога Влаинката Аспасија, Паца, како што се викала нагалено, одоколу го распрашала Спира што има и како има, и откако ѝ се видело дека тој е седало за птица каква што е таа, му признала дека тие двајцата до влакно имаат иста судбина што ги осакатила и дека нив тој златен свети Наум ги донел да се најдат пред неговиот гроб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во нив тој го живее својот фиктивен подобар живот, допуштајќи, во длабоко самосожалување, да му се граба и она што никогаш не успеал да го изгради во себе - својот граѓански идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Облакодерите околу Централ Парк се како потпорни столбови - благодарение на нив тој огромен парк наликува на висечка градина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потем го свртеа муабетот на жени Те вакви нозе имале и онакви газиња имале жените што одеа пред нив Тој што зборуваше за газењето лајна во сонот Сега рече дека жена ако ти дојди дома усмевната Болест ќе ти дојди ама светрум ќе ти помини
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)