нив (зам.) - ја (зам.)

Ги брои старецот броениците и врз нив ја држи обесена својата тешка брадосана глава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Над нив ја забележа огромната слика на Сталин кој ѝ се виде со заканувачки израз.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во VI век во Панонската низина се појавуаваат Аварите кои ги потчиниле словенските племиња и заедно со нив ја напаѓале Византија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ќе ме врати на кораб со едра исткаени од светлота на муграта, за која поетите наоѓале низ векови вистински зборови, а еден од нив ја нарекол и колепка на денот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пред триесет години, тука, пред собраниската зграда тој и неговите пријатели започнаа нешто ново, некоја навидум револуција, полна со лажен ентузијазам и оптоварена со сентиментални пароли, ама барем, некои од нив ја носеа искрената намера да направат сериозни промени во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Моето будење го пречекаа четири ококорени очи. Лицемерно насмевнати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)