нив (зам.) - постојано (прил.)

Со нив постојано се служеше режимот за да ги одржува своите деспотски цели.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги има по пет до шест дневно на македонските телевизии, а во нив постојано ни се сервира веењето на знамето над сите знамиња (што може да се „пикне“ и како делче од облека, декор во судници итн.).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми стана појасна врската на рагби екипата со римските легионери.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислиме на нив постојано и знаеме дека еден ден пак ќе ги посакаме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Блазе си им, си велам, на високите планини: на нив постојано врне дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога од станицата стигнаа пред зградава, додека сите се качуваа на првата плоча преку неколкуте басамаци, таа си рече Да признам што има ваму долу? чкртна со кибритчето, го наала кончето на свеќата, нив постојано ги пикаше во пазувата, и лелејавото пламенче дури долу по ходничето и таму лево во двете прегратки ги заваби сите. И гуските, се разбира.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Без престан тече изворската вода од трите цевки и натписот на таблата над нив постојано ги потсетува на изгубената татковина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некои од нив постојано ме караа по нивно, дека не се чувам и сега токму тие почнаа да ми командуваат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потстанав и веднаш ги познав гласовите на странските борци, зашто кај нас во четата имаше Руси, Чеси, Полјаци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)