нив (зам.) - уште (прил.)

Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро плива краул, кога се смее ѝ се прават дупчиња на образите. Ја сакаат, таа нив уште повеќе.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Симче реши да појде на гости кај Тоше. Тој не бил кај нив уште од многу одамна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За нив уште не е научно докажано дали овде дошле со Викинзите или се искрцале со бродот на Колумбо.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)