нив (зам.) - или (сврз.)

Иако мислевме дека оваа операција ќе оди мошне брзо, излезе токму спротивното – дека барањето работници кои се спремни отворено да проговорат за своите маки, барем во македонски прилики, е прилично комплицирана работа, главно поради присутниот страв на работниците „да не им се случи нешто“ во иднина, нив или на нивните најблиски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги гледаа работите правилно поставени: знаеја за кармичкиот закон на космосот и неговите казни, за враќање на лошото, врза нив или нивните поколенија ако постапуваат лошо!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Вие ги застрелувате или бегате од нив или пак ги избегнувате нивните зрачни пиштоли.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овде можете да стапите во интеракција со анимираните суштества.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На лединката „Чегревите нивчиња" каде што сонцето одвај пробиваше, седеа крај ладното кладенче војводите и го разгледуваа планот на нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Становица гората се измеша со луѓе. Колку дабје што имаше толку луѓе стоеја до нив или седеа под нив, секој со сакмата и торбата на рамо и пусатот в раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двајцата петрограѓани сега се под една стреа, во една песна.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бродски, помлад и потврдоглав, се уште запнува да утврди дали ладовината се потпира на нив или пак тие земаат душа потпирајќи се на ладовината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во текот на годините тој гордо присуствуваше барем на десетина вакви отворања додека угледот на Џоен полека но сигурно растеше до својето сегашно угодно ниво меѓу колекционерите во областа; ова секако ќе му биде последно, како што и многу други неодам­нешни настани нужно беа, што тој го сфаќаше или едновремено со нив или ретроспективно: неговото последно лето во нивната викендичка на островот Фенвик, последниот метеорски дожд, последниот сет тенис кога неговата сла­бост ескалираше, последната величествена октомвриска промена на бојата на лисјата во „нивната” долина, а сега, по сѐ изгледа, и неговата последна посета на овој убав град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Една од сеприсутните цели на политиката на идентитетот, воопшто, е светот да стане безбеден за малцинскиот субјективитет така што погледот на јавноста ќе се пренасочи од особените одлики на малцинските супкултури, особено од сè што може да им предизвика неудобност на луѓето што не им припаѓаат на тие култури, да ги направи сомничави кон нив или да им внесе чувство на исклученост од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По децата од разни возрасти што одат или потрчуваат пред нив или покрај нив – изгледа тука се дојдени и цели семејства.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу нив или покрај и до нив – нашето малечко црвено Saxo.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Висока ограда од црно обоени ламарини. Се чини дека зад нив или е градилиште или магазини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Всушност, Мише дишеше и мирисаше на гулабарник. Ноќе заспиваше милувајќи ги во сонот гулабите, се насмевнуваше среќно и блажено при помислата на нив или срипуваше, вџашен и исплашен, ако во сонот околу гулабите му се врткаа крадци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Иван Иванович секогаш му дава на секој од нив или ѓеврече, или парче од диња, или круша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој немаше деца. Гапка има деца и тие трчаат по дворот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да ми е подобро пиењето без нив или ќе излезам или нив ќе ги истерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И денес се лутам затоа што на шефот не му побарав отказ пред да бидам принуден да му го побарам; што неговите безвредни предмети не му ги фрлив пред нозе пред да бидам речиси принуден да му ги фрлам: зашто, еден ден мојата стопанка ми внесе во канцеларијата некој човек со мрачен поглед кој ми се претстави како продавач на лозови и изјави дека сум сопственик на сума од 50 000 германски марки ако сум тој и тој и ако имам некој си лоз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единствено употребливи беа предметите што ги произведуваа работниците без да знае шефот, тогаш кога се знаеше дека ќе отсуствува неколку дни: столчиња за нозе или украсени сандачиња, сигурни и едноставни; дури и правнуците ќе јаваат на нив или во нив ќе ги чуваат своите дреболии; корисни сталажи за облека на кои ќе стојат кошулите на многу генерации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само не знам дали од нив или од мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Додека го слушаше Татко, во свеста на Камилски започнаа да се спротивставуваат двата тека во врска со турцизмите: со нив или против нив?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прикаските како две нишки се плеткаат меѓусебно, од нив или крај нив се протега трета, нема почеток и нема крај, не и се знае предилката со можно име судбина или човечка потреба за измислување. тоа име може да биде и претпоставка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја ѕидаа со прекини: кога ќе зафатеа дождови, лошо време, снег, или кога едниот од нив или двајцата ќе се разболеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не знаеше, дали повеќе од жал што ќе биде далеку од нив или од жал за себе. Од несигурност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се разбира, едниот од нив или обајцата заедно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Или со нив или ќе сум бил против нив!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Или со нив или против! – Сигурно тоа сум го рекол, зашто така и мислам! – Арно ама, си станал роб на изговорените зборови!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сакаа или со нив или во логор на Порто Романо. Во времето на „твојот” гроф Чано.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Тие ѕверки ги напаѓаат само оние кои се плашат од нив или од коишто се плашат тие...“ Елифас Леви, Магијата на магите, Градец 63 (1985)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нѐ натераа да чувствуваме исто како нив или не? И сигурно е така.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се сврте на онаа страна каде што отидоа децата, но кога не ги виде никаде наоколу, рече: - Ама го видов ли јас и она Мартина со нив или така ми се стори!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Малечката Пелагија ретко доаѓаше, кога ќе се појавеше обично беше со мајка си или со бабата Перса, згора на тоа, Мурџо или беше пред нив или зад нив со високо крената опашка и веднаш штом ќе се појавеше Дончо, ги покажуваше забите како предупредување да не се случи нешто со неговата Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Филип: Зар на постари луѓе ќе им приговараш, небаре повеќе знаеш од нив или подобро знаеш да јаваш?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)